Достапни линкови

Тачи-седницата на Советот за безбедност на ОН успешна


Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ја оцени седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации како успешна. Тој смета дека обраќањето на министерот за надворешни работи Скендер Хисени бил достоинствен, со многу аргументи за прогресот на Косово. Тачи соопшти дека стратегијата за северниот дел на земјата ќе биде ефикасна, посебно во примената на законите на власта.
XS
SM
MD
LG