Достапни линкови

Репортери без Граници против планот на арапските земји


Организацијата за права на медиумите Репортери без Граници соопшти денеска дека е загрижена за предлогот на арапските земји да спроведат регионална канцеларија, која преку сателит ќе врши мониторинг на телевизиските канали. Организацијата смета дека предлогот е вознемирувачки, бидејќи таа како што ја нарекоа супер полиција може да се искористи за цензурурање на телевизиите, кои ги критикуваат властите и со тоа ќе ја нарушат слободата на информациите. Министрите за информации на арпаските земји се сретнаа мината недела во Каиро да рзаговараат за тоа прашање.
XS
SM
MD
LG