Достапни линкови

Состанок на делегации на 20 земји во понеделник за Хаити


Официјални лица од 20 земји ќе се состанат во понеделник во Монтреал за да направат план за Хаити, по земјотресот што го погоди островот на 12 јануари. Меѓу присутните ќе биде американскиот секретар Хилари Клинтон и францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер. На средбата Пријателите за Хаити ќе има и претставници на на Обединетите Нации, Меѓународниот Монетарен Фонд и на Американската Банка за Развој. Венецуела, Боливија и Никарагва најавија дека ќе ја бојкотираат средбата, бидејќи се противат на американското присуство на Карибите.
XS
SM
MD
LG