Достапни линкови

logo-print

Друцас - Грција не се откажува од решавање на спорот со името


Атина нема да се откаже од решавање на спорот за името во рамките на Обединетите Наци, но не се плаши и од директни контакти со Скопје. Ова е одговорот на заменик министерот за надворешни работи Димитрис Друцас пред Kомитетите за надворешни работи и за европски прашања на Параламентот на Грција на забелешките на поранешната министерката за надворешни работи Дора Бакојани, дека со средбите на премирите Јоргос Папандреу и Никола Груевски, Атина може да се најде под нов силен притисок од ЕУ да почне директни преговори за името со Скопје. Притисок постои рече Друцас но Грција останува на позицијата за име со географска одредница кое ќе го содржи терминот Македонија за севкупна употреба. Одговорноста за нерешавање на прашањето повторно ја префрли на македонската страна, која според него, е бескомпромисна.
XS
SM
MD
LG