Достапни линкови

logo-print

Во Авганистан нападнат конвој на Гувернерот на Вардак


Од поставена бомба во провинцијата Вардак загинале 4 авганистански војници. Тие биле претходница на гувернерот Мохамед Халим Фидае, кој не бил повреден во инцидентот, во кој врз конвојот бил отворен и оган. Двајца милитанти беа уапсени додека, според талибанците, биле убиени 8 војници. Претходно беше јавено дека талибански милитанти заробиле началникот на полиција по напад врз полициска патрола во источен Авганистан.
XS
SM
MD
LG