Достапни линкови

На Хаити од урнатините извлечен жив човек 10 дена по земјотресот


Десет дена по земјотресот во Хаити, израелски спасувачки тим извлече жив човек под урнатините на неговиот дом во главниот град, Порт-о-Пренс. 21-годишниот човек бил дехидриран, но во релативно добра состојба. Вчера исто така, роднини спасиле 84-годишна жена од урнатините на нејзината куќа. Европската Комисија соопшти дека меѓународните спасувачки екипи спасиле над 125 луѓе на Хаити погоден од силен земјотрес со катарстофални последици.
XS
SM
MD
LG