Достапни линкови

Русија - Обединетите Нации да не брзаат со санкции спрема Иран


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди да не се брза со нови санкциите на Обединетите Нации против Иран поради неговата нуклеарна програма. Лавров изјави дека Москва сака да види конструктивни акции од Иран и јасно стави до знаење дека Русија е несреќна што Техеран го одби планот на Обединетите Нации - ураниумот на збогатување да го испраќа во Франција и Русија. Западните сили притискаат за санкции кои беа одложени поради несогласувањето на Кина.
XS
SM
MD
LG