Достапни линкови

logo-print

Русија и САД за разоружувањето во февруари


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека разговорите меѓу Москва и Вашингтон за нов договор за намалување на нуклеарното оружје ќе продолжат во почетокот на идниот месец. Претходно, американски официјални претставници најавуваа дека преговорите ќе продолжат в понеделник во Женева. Станува збор за замена на Договорот за намалување на стратегиското оружје од 1991 година што истече на 5 декември минатата година.
XS
SM
MD
LG