Достапни линкови

Австрија ја поддржува Македонија


Средба на МНР Антонио Милошоски со министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Михаел Шпинделегер
Средба на МНР Антонио Милошоски со министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Михаел Шпинделегер

Австрија ја подржува Македонија во евроатланските интеграции, а спорот со соседна Грција е билатерален и двете земји треба да го решат во рамките на Обединетите нации, рече Министерот за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаел Шпинделегер по средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски

Австрија ја подржува Македонија во евроатланските интеграции, а спорот со соседна Грција е билатерален и двете земји треба да го решат во рамките на Обединетите нации, рече Министерот за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Михаел
Секако дека постои специјална рамка, тоа е рамката на ОН. Секако дека станува пред се збор за билатерално прашање. Ние како Австријци можеме да понудиме помош таму каде што ќе биде побарана од нас. Но, секако сметам дека решението за ова прашање се наоѓа во билатералниот однос
Ние имаме принципи, сметаме дека вистината е на наша страна и сметаме дека начинот на решавање на ова прашање треба да биде усогласен со европските принципи на демократија и взаемно почитување
Шпинделегер

„Секако дека постои специјална рамка, тоа е рамката на ОН. Секако дека станува пред се збор за билатерално прашање. Ние како Австријци можеме да понудиме помош таму каде што ќе биде побарана од нас. Но, секако сметам дека решението за ова прашање се наоѓа во билатералниот однос.“

Решавањето на спорот со Грција треба да биде усогласено со европските демократски принципи, рече Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски

„Ние имаме принципи, сметаме дека вистината е на наша страна и сметаме дека начинот на решавање на ова прашање треба да биде усогласен со европските принципи на демократија и взаемно почитување.“

Инаку двајцата министри денеска потпишаа спогодба ѕа развој на соработка. Тоа, според Милошоски, ќе ја зајакне соработката со Австрија

„Она што е конкретен чекор од денешната посета и што дополнително ќе ги зацврсти пријателските билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Австрија е потпишувањето на спогодбата за развој на соработка. Истовремено разговарано е и за уште неколку спогодби кои се надевам дека во периодот што е пред нас ќе можеме да ги завршиме и билатерално да ги потпишеме.“

Освен за евроинтеграциите, двајцата министри разговарале изѕа економска соработка која, според Шпинделегер е значаен аспект на билатералните односи меѓу Австрија и Македонија

„Исто така говоревме за прашања кои се однесуваат на соработката меѓу нашите претпријатија и сакаме во иднина да направиме план кој ќе ни помогне за развој на економијата.“

Шпинделегер напомена дека Австрија силно ја подржува евроинтеграцијата на сите земји од Балканот.
XS
SM
MD
LG