Достапни линкови

logo-print

Седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


На денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се разгледува најновиот тримесечен извештај за Косово. Генералниот секретар Бан Ки Мун во извештајот оценува дека мирот на Косово е потенцијално кревок. На седницата се очекува да зборува и српскиот претседател Борис Тадиќ, кој, според некои агенции, ќе се осврне и врз коментарите на хрватскиот претседател во заминување Стјепан Месиќ. Тој деновиве изјави дека би испратил војници на хрватско босанската граница доколку во Република Српска се одржи референдум за зголемување на автономијата.
XS
SM
MD
LG