Достапни линкови

Австрија сака да помогне, а не да посредува во спорот со името


,,Австрија не се наоѓа во улога на медијатор во спорот за името меѓу Македонија и Грција туку ја нуди својата помош онаму каде што тоа ќе биде од неа побарано,,. Ова го изјави министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Михаел Шпинделегер по неговата денешна средба во Скопје со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Министерот Милошоски ја повтори определбата за продолжување на преговорите со Грција со цел да се дојде до решение за спорот. Шпинделегер во Скопје пристигна од Атина каде што се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и со заменик министерот за надворешни работи Димитрис Друцас.
XS
SM
MD
LG