Достапни линкови

Односите Кина, САД и интернет слободата


Кина соопшти дека американските критики за нејзините наводни рестрикции на интернетот може да им наштетат на односите меѓу двете земји. Вчера, американскиот државен секретар Хилари Клинтон побара од Пекинг да поведе истрага за таканаречената сајбер шпионажа што ја спроведува Кина спрема Гугл и десетина други компании и дисиденти. Кинеското Министерство за надворешни работи смета дека таквите обвинувања се неосновани и штетни за билатералните врски. Претходно, кинескиот Глобал тајмс оцени дека интернет слободата е слобода под американска контрола.
XS
SM
MD
LG