Достапни линкови

САД и Пакистан имаат заедничка цел


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека борбата против екстремистите на авганистанско пакистанската границата е во интерес и на Пакистан и на Соединетите Држави. Во говорот во Националниот универзитет за одбрана во Исламабад, тој додаде дека прекинот на воените односи со Пакистан во деведесетите години било сериозна стратегиска грешка, која придонесе за губење на довербата меѓу двете земји. Гејтс повтори дека Вашингтон нема планови за воени бази во Пакистан и желба за контрола на пакистанското нуклеарно оружје. Тој денеска ја завршува дводневната посета на Пакистан чија цел беше објаснување на американската воена стратегија во соседен Авганистан.
XS
SM
MD
LG