Достапни линкови

Џорџ Мичел на средба со Махмуд Абас


Американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел денеска на Западниот Брег ќе се состане со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Мичел е во регионот во нов обид за заживување на израелско палестинските мировни преговори. Вчера во Ерусалим, Мичел се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој, како што велат аналитичарите, ги искомплицира мировните преговори со новото барање за израелско воено присуство на Западниот Брег и покрај евентуалната нова палестинска држава. Палестинците го отфрлија барањето.
XS
SM
MD
LG