Достапни линкови

Денеска затворени кафеаните во Македонија


Угостителските објекти во Македонија нема да работат во наредните 24 часа, почнувајќи од денеска во 8 часот, во знак на незадоволство од Законот за заштита од пушењето. Претставници на Туристичко-угостителската комора на вчерашната прес-конференција посочија дека повод за оваа реакција се првите 20 дена од примената на Законот, во кои се соочуваат со пад на прометот од 40 до 70 насто, поради што се принудени да ги отпуштаат и вработените.
XS
SM
MD
LG