Достапни линкови

Рационализација на шведската дипломатска мрежа


Шведска оваа година ќе отвори амбасади во Приштина и во Тирана, според вчерашната одлука на Владата во Стокхолм. Министерот за надворешни работи Карл Билт појасни дека целта на одлуката е јакнење на дипломатското присуство на Шведска на Балканот. Шведска во текот на 2010-та ќе затвори шест а ќе отвори десет нови амбасади, со цел рационализација на дипломатската мрежа. Меѓу останатите, ќе бидат затворени и амбасадите во Љубљана и во Софија.
XS
SM
MD
LG