Достапни линкови

Недоразбирања во Хрватска за референдумот за влез во ЕУ


Претставниците на власта и на опозицијата во Хрватска синоќа не успеаја да ги усогласат ставовите околу референдумот за влез во ЕУ, околу дополнителното право на глас за малцинствата и гласањето на дијаспората, па дискусијата за уставните измени ќе ја продолжат за дваесетина дена. По состанокот со премиерката Јадранка Косор, претставникот на најголемата опозициска партија, Социјалдемократската, Јосип Леко изјави дека преговорите напредуваат, но „со брзина на полжав“. Опозицијата ја остава можноста да го прифати владиниот предлог на референдумот за влез на Хрватска во ЕУ да се одлучува со мнозинство гласови од излезените но под услов тоа да важи и за останатите изборни процеси.
XS
SM
MD
LG