Достапни линкови

Романија ќе испрати дополнителни трупи во Авганистан


Романија оваа година ќе испрати уште 600 војници во Авганистан, со што бројот на војници од таа држава ќе биде преку 1600, соопшти Високиот совет за одбрана во Букурешт. Во Авганистан сега има повеќе од илјада романски војници како дел од Меѓународните сили за стабилизација во Авганистан-ИСАФ. НАТО очекува значително зголемување на бројот на странски војници во Авганистан оваа година.
XS
SM
MD
LG