Достапни линкови

Политички препукувања во Британија поради слабата фунта


Британската опозициска Конзервативна партија ја обвини владата дека планира да затвори одредени амбасади и да ги ограничи активностите во борбата против тероризмот поради огромниот национален долг и падот на британската фунта. Пратеник од оваа партија во Долниот дом на британскиот парламент претстави интерен допис на Форин Офисот во кој дипломатите се повикуваат да подготват планови за отпуштање на кадар и затворање на одредени дипломатски претставништва. Британскиот Форин Офис е тешко погоден од слабата фунта и очекува дека ќе има годишен дефицит од 110 милиони фунти.
XS
SM
MD
LG