Достапни линкови

Промовирани „Коментари на изборниот Законик“


„Коментари на изборниот Законик“ е публикација на невладината „Мост“ и меѓународната организација „ОБСЕ“ која би требало да ги разреши дилемите кои се јавуваат околу интерпретацијата на изборниот законик. Сабит Кранли, еден од авторите на публикацијата, смета
Сметам дека коментарите ќе бидат добра основа за едукација на оние што ќе ги применуваат. А, препораките за подобрување на текстот на изборниот законик, ќе ја заинтргигираат законодавната власт за соодветни новели во изборниот законик.
дека коментарите ќе бидат корисни за сите институции и лица кои се инволвирани во изборниот процес.

„Сметам дека коментарите ќе бидат добра основа за едукација на оние што ќе ги применуваат. А, препораките за подобрување на текстот на изборниот законик, ќе ја заинтргигираат законодавната власт за соодветни новели во изборниот законик.“

„Изборните норми не се доволни за демократски и фер избори. Мора да ја менуваме реалноста“ се наведува во општите напомени на книгата. Во тој контекст, извршниот директор на граѓанската асоцијација Мост Дарко Алексов вели дека толкувањето на изборната легислатива со овие коментари се доведува на едно повисоко ниво

„Значи, ако во минатото се оставаше простор на политичката волја и на оние кои се дел од процесот да толкуваат, коментарот веќе тоа го прави на највисоко можно ниво и доаѓа низ еден процес на вклучување на сите институции и на комплетната експертска јавност во делот на изборите. Тоа значи дека после оваа промоција ги имаме поставено сите правила на игра и ова е солидна основа за спроведување на изборите.“

Меѓу коментарите, авторите на публикацијата даваат и предлози. Не изостануваат ни забелешки за избирачкиот список, чија веродостојност неретко јавно се оспоруваше. Авторката Гордана Силјановска – Давкова вели дека во публикацијата се предлагаат конкретни мерки за прочистување на избирачкиот список

„Значи, точно во изборниот законик да се предвидат механизми и поинакви од досегашните, допоплнителни за проверка на избирачкиот список и дополнување на елементите на избирачкиот список. Но, “

Инаку, според авторите, Коментарот на изборниот законик е наменет за сите инволвирани во изборниот процес.
XS
SM
MD
LG