Достапни линкови

logo-print

Македонската влада ќе издвои 100 илјади долари за Хаити


Владата на Република Македонија соопшти денеска дека ќе издвои 100 илјади долари за настраданите од земјотресот во Хаити. Потпаролот на владата, Мартин Мартиновски изјави дека со донеувањето на одлуката на вчерашната седница, владата ја покажала својата солидарност со земјите кои се соочени со тешки природни катастрофи. Освен парична помош Македонија ќе понуди и медицински тим, а во изминативе денови и Град Скопје соопшти дека ќе испрати 25 илјади евра парична помош за островот.

XS
SM
MD
LG