Достапни линкови

Месиќ ја негира изјавата за Република Српска


Кабинетот на хрватскиот претседател Стипе Месиќ соошти денеска дека неговата изјава оти ќе употреби воена сила во Република Српска доколку распише реферндум за самостојност била дадена во неформален разговор со новинари и била извадена од контекст. Во соопштението на кабинетот се наведува дека зборовите на Месиќ треба да се сфатат како предупредување до светот да не ги затвора очите пред политиката на премиерот на Република Српска, Милорад Додик и можните последици и оти распаѓањето на БИХ е неприфатливо за Загреб.
XS
SM
MD
LG