Достапни линкови

Светска банка - Глобалната економија излегува од рецесија


Светска банка соопшти денеска дека глобалната економија излегува од рецесија и дека земјите во развој ќе забележат раст од 5,2 проценти во текот на оваа година, кој ќе биде повисок од глобалните предвидувања од 2,2 проценти. Авторот на извештајот Ендру Бурнс соопшти дека на властите предизвик ќе им биде да ги повлечат мерките за спас, без да го уништат опоравувањето од кризата. Тој предупреди и дека земјите во Европа и Централна Азија кои се најпогодени, може во наредните десет години повторно да бидат во рецесија.
XS
SM
MD
LG