Достапни линкови

Талабани-да се истражи забраната за 511 кандидати на изборите


Ирачкиот претседател Џалал Талабани соопшти денеска дека висока комисија ќе ја истражи легитимноста на одлуката да им се забрани на 511 кандидати да се кандидираат на изборите на 7 март, поради наводна нивна поврзаност со режимот на Садам Хусеин. Комисијата ќе треба да утврди дали одлуката била донесена со целосно одобрение од парламентот. Забраната за која гласаше шиитското мнозинство во парламентот, налути некои сунитски лидери и најверојатно ќе фрли сенка врз легитимноста на изборите. Талабани соопшти дека не ја одобрува забраната.
XS
SM
MD
LG