Достапни линкови

Станува ли Македонија опасно место за живеење?


МВР тврди: Криминалот во 2009 намален

МВР тврди: Криминалот во 2009 намален

Според МВР криминалот во Македонија во 2009 е намален за пет проценти. Сепак, во последно време се почести се вестите за грабежи, убиства и други криминални дела. Граѓаните велат дека не се чувствуваат безбедно.

Во последниве неколку дена ограбени се две банки и неколку обложувалници. За неполн месец украдени се повеќе од половина милион евра. Убиен човек е пронајден пред својот дом во Гостивар. Скопски познат криминалец со бомба во дворот го предупредиле да внимава
Можеме да очекуваме се пожестока употреба на оружјето, за се побезначајни работи. Она што е битно е дека атмосферата во општеството придонесува кон ова. Неможеме да очекуваме подобрување на состојбите, доколку не преземеме сериозни активности на повеќе нивоа.
повеќе. Станува ли Македонија опасно место за живеење? Според податоците на Министертвото за Внатрешни работи во последниве три годни се случиле 100- тина убиства а во првите девет месеци од минатата година се направени речиси 18 илјади криминални дела. Половина од тие дела се регистрирани како тешки кражби. Граѓаните велат дека не се чуствуваат доволно безбедни.

„Не бе, јас дома не се чувствувам, па камо ли во Скопје!“
„Во Скопје, како беше порано, сега не е безбеден град. Од причини што секаде се вршат убиства, рекет, се врши малтретирање.“
„Има грабежи, но ние немаме од што да се плашиме, немаме толку пари.“

Експертите велат дека насилството во Македонија се зголемува заради влошената социо- економска состојба. Претседателот на невладината организација „ Цивил“ Џабир Дерала вели дека годинава очекува зголемување на криминалот и употребата на оружје.
Станува ли Македонија опасно место за живеење?

„Можеме да очекуваме се пожестока употреба на оружјето, за се побезначајни работи. Она што е битно е дека атмосферата во општеството придонесува кон ова. Неможеме да очекуваме подобрување на состојбите, доколку не преземеме сериозни активности на повеќе нивоа.“

Професор Стефан Буџаковски вели дека Скопје е сличен на светските мертополи каде има висока стапка на криминал. Разликата е во тоа што другите метрополи полицијата и судовите се поефикасни, вели тој.

„Кај нас имаме извршители кои со години не се осудени, долги постапки, па им се даваат можности многу лесно да го изигруваат законот, со најразлични состојби и дупки во законите тој долго време нема да биде осуден, или ќе биде осуден на кратка казна, и повторно ќе врши кривични дела.“

Според полициската статистиката најчеста мета на криминалците се возилата, куќите и становите. Од 18те илјади кривични дела полицијата разрешила половина.

Потпаролот на МВР Иво Котевски вели дека во 2009та година во однос на претходната криминалот е намален за 5 проценти .

„Изминативе три години МВР покрај редовните расчисти и голем број дела кои се провлекуваа како нерасчистени од минатиот период.“

Професорот Буџаковски вели дека за да се намали криминалот во земјава , полицијата треба да се едуцира постојано, за да биде во тек со новите начини на извршување на криминал кои се почесто се применуваат.


  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG