Достапни линкови

Утре седница на Советот за Безбедност на ОН за Косово


Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени и српскиот претседател Борис Тадиќ утре ќе присуствуваат на седницата на советот за безбедност на Обединетите Нации во Њујорк на која шефот на мисијата на УНМИК Ламберто Заниери ќе го претстави четиримесечниот извештај за ситуацијата на Косово.
Планирано е Хисени да зборува пред Советот пред се за локалните избори во ноември, кои првпат беа организирани самостојно од косовските власти. Се очекува и шефот на српската држава да даде своја изјава пред Советот за безбедност.
XS
SM
MD
LG