Достапни линкови

logo-print

Скопје нема право да ја застапува цела Македонија, изјави Друцас


„Скопје си зема за право да го застапува целиот регион Македонија“, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Димитрис Друцас во интервју за виенскиот весник „Стандард“.Тој додаде дека најголем дел од регионот Македонија е во Грција, а дека тоа значело оти не можеле да се исклучат територијални претензии. - Грција сака да биде државата која во рамките на „Агенда 2014“ ќе го внесе и Скопје во ЕУ. Меѓутоа, предуслов за тоа е решавање на прашањето за името, изјави Друцас за „Стандард“.
Тој наведе дека Грција се залага за „Агендата 2014“, која треба да ја наследи Солунската агенда и да ја поттикне интеграцијата на Западен Балкан во Унијата.


XS
SM
MD
LG