Достапни линкови

САД - ЕУ, скенери и на европските аеродроми?


Преставници на Соединетите Држави и Европската Унија денеска се состануваат во шпанскиот град Толедо на разговори за инсталирање скенери и други безбедносни мерки на аеродромите. Неуспешниот обид на Божиќ, кога патник помина низ безбедносните проверки во Амстердам пред да се обиде да активира бомба во авион над САД е причина Вашингтон што притиска за проширени безбедносни мерки и во земјите на ЕУ. Во 2008 година, Европскиот Парламент го блокираше предлог на ЕУ за воведување скенери , тврдејќи дека тоа би можело да ги наруши правата на приватност на патниците.
XS
SM
MD
LG