Достапни линкови

Австрискиот „посредник“ Шпинделегер во Атина и Скопје


Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер, кој се понуди да посредува во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, денеска ќе ја посети Атина, а утре доаѓа во Скопје.
Според најавите, повод за посетите на Шпинделегер е да ја промовира Иницијативата за евроинтеграција на Западен Балкан.Тој вечер во Атина ќе има средба со грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас, по што, како што е најавено, утре заминува за Скопје на средби со македонски државни претставници.
Шефот на австриската дипломатија во интервју за Австриската државна телевизија изјави дека Виена сака да се понуди како медијатор во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
XS
SM
MD
LG