Достапни линкови

Запатеро се надева на брзо решение за спорот Македонија-Грција


Шпанскиот премиер и актуелен претседавач со ЕУ Хозе Луис Запатеро во вчерашното обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур изрази надеж дека ќе се најде брзо решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција.
„Имам голема доверба во Владата на Јоргос Папандреу и, се разбира, соработуваме и за прашањето на Поранешната југословенска република Македонија. Се надевам дека наскоро ќе се најде решение, за што има волја кај двете страни“, рече Запатеро.
Прашан од европратениците дали шпанското претседателство ќе преземе конкретни иницијативи во однос на евроинтеграцијата на Западен Балкан, Запатеро одговори дека Мадрид ќе ги следи одлуките на Европскиот Совет во однос на проширувањето и оти целосно ја поддржува европерспективата на регионот.
XS
SM
MD
LG