Достапни линкови

Американскиот Претседател Обама ќе ги лимитира Банките


Американскиот Претседател Барак Обама се очекува денеска да предложи мерки со кои ќе биде ограничена големината на банките и на обемот на нивнииот финансиски ризик. Се смета дека прекумерното преземање ризик ја предизвика финансиска криза во 2008 по што даночните обврзници плакаа стотици милијарди долари за спас на некои од најголемите финансиски институции.
Оваа денешна мерка на Обама доаѓа неколку дена откако кандидатот на Демократската партија на изборите во Масачусетс претрпе изненадувачки пораз од републиканскиот против кандидат за влез во Сенатот. Во интервју за Еј Би Си, Обама изјави дека во вторникот поразот во Масачусетс е рефлексија на гневот поради банкарската криза и високата невработеност во Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG