Достапни линкови

Бојкот на наставата по македонски јазик


Училиште

Училиште

Второто полугодие за основците Албанци започна со бојкот на наставата по македонски јазик. Министерството за образование останува на ставот дека одлуките треба да се почитуваат и дека настава мора да има. Дел од опозиционите партии и невладините организации во целата ситуација гледаат можност за нови етнички тензии.

Второто полугодие за првооделениците албанци започна со бојкот на наставата по македонски јазик, велат од училиштата во мултитетничките средини. В.Д. Директорот на гостиварското основно училиште „Башкими“ во кои родителите собраа повеќе од 14 илјади потписи дека несаакаат нивните деца да учат македонски во прво одделение вели дека денеска немало настава.

,,Родителите ќе протестираат и нема да ги пуштаат децата на наставата по македонски јазик."
Родителите ќе протестираат и нема да ги пуштаат децата на наставата по македонски јазик


И во Струга има бојкот на часовите по македонски, вели градоначалникот Рамиз Мерку од ДУИ, коалициониот партнер во Владата. Тој незнае до кога ќе трае ваквата сосотојба.

,,Тоа не зависи од нас тоа зависи од министерот, министерството или Владата, тие кои што донесоа таква одлука. Јас им кажав дека сигурно нема да учат."

вели директорот Јамин Ука. Но, од Министерството за образование пак велат дека состојбата на терен е добра и се задоволни што нема масовен бојкот на наставата.

,,Беше многу радикален бојкот, она што јас апелирав е да нема радикален бојкот и децата да не се вадат од училиштата. Учениците да не бидат жртва на некои политички процеси во Македонија."

Од Министерството останува на ставот дека одлуките треба да се почитуваат и дека настава мора да има. Но, ќе се обидат тоа да го направат на побезболен начин кој нема да предизвика поголеми општествени деструкции. Дел од партиите и претставници на невладиниот сектор пак во целата ситуација гледаат можност за нови етнички тензии.
Беше многу радикален бојкот, она што јас апелирав е да нема радикален бојкот и децата да не се вадат од училиштата. Учениците да не бидат жртва на некои политички процеси во Македонија

Сулејман Рушити од НД кој беше и поранешен министер за образование вели дека тајмингот на почеток на овој проект е лош.

,,Ако некој смета дека со ова се релаксираат меѓуетничките односи мислам дека е спротивното, оваа дневно политичка одлука на ВМРО ДПМНЕ е јасен сигнал до Албанците дека во оваа држава единствен службен јазик е македонскиот јазик.

Од опозициската СДСМ велат дека зачудува тоа што коалиционите партнери наеднаш отвараат ваква чуствителна тема.

,,Мислиме дека сето тоа се прави можеби да се испровоцира одредена тензија и сето тоа се прави во период кога најмалку е потребно, бидејќи земјата се наоѓа во многу чувствителен период."

вели Андреј Петров од СДСМ. Како подршка на родителите кои нескаат нивните деца да учат македонски од прво одделение, застанаа и неколку невладини организации. Вањон Бела од „Реалите“ вели дека зад сето ова има политика.

,,Сега имаме позиционирање и на политичкиот фактор. Сега и самиот ДУИ сака политички да профитира од оваа условно кажано криза."

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG