Достапни линкови

Јемеските власти го нападнале домот на лидерот на Ал Каеда


Јеменските безбедносни официјални лица соопштија денеска дека извршиле авионски ракетен напад на куќата на лидерот на Ал Каеда во земјата, недела откако властите им објавија војна на милитантите. Сеуште нема детали за нападот на куќата на Ајед Ал Шабвани во градот Мариб. Јеменските власти се под притисок, откако припадниците на Ал Каеда во земјата соопштија дека биле организатори на обидот за напад на американски авион на 25 декември. Шабвани е еден од 6 милитанти за кои властите тврдеа дека е убиен за време на авионскиот напад минатата недела. Ал Каеда негираше дека некој нивен член загинал во нападот.
XS
SM
MD
LG