Достапни линкови

Бугарскиот министер за одбрана ќе ја преземе функцијата на Желева


Бугарскиот министер за одбрана Николај Младенов денеска потврди дека властите побарале тој да ја преземе функцијата министер за надворешни работи, по оставката на Румјана Желева. Taa ја повлече и кандидатурата за комесар на Европската Унија за хуманитарна помош, бидејќи минатата недела дојде во непријатна ситуација кога за време на сослушувањето во Европскиот парламент, пратниците ја доведоа под прашалник нејзината компетенција за таа функција, поради нејзините поранешни бизнис врски.
XS
SM
MD
LG