Достапни линкови

Грчките контрааргументи доставени до македонските институции


Македонскиот амбасадор во Холандија и ко-застапник на земјата пред Меѓународниот суд на правда во Хаг, Никола Димитров денеска соопшти дека македонските институции ги добиле грчките контрааргументи за тужбата што ја поднесе Македонија против Грција, поради кршење на Привремената билатерална спогодба од 1995 година со блокирањето на поканата за членство во НАТО на Самитот на алијансата во Букурешт. Писмените поднесоци како што изјави Димиров не се достапни на јавноста и во наредните денови институциите и експертите ќе се консултираат, кои ќе бидат нивните следни чекори. Дали ќе има втор круг на писмени поднесоци или усна расправа ќе одлучи судот во Хаг, откако ќе ги разгледа ставовите на двете страни.
XS
SM
MD
LG