Достапни линкови

25 луѓе повредени во бомбашки напад во Ирак


Ирачката полиција соопшти дека најмалку 25 лица се повредени во експлозија на едно возило во близина на воен гарнизон во градот Мосул. Во самоубиствениот бомбашки напад биле повредени војници, полицајци и цивили, а оштетен е и гарнизонот и неговата околина. Американските и ирачките официјални лица соопштија дека очекуваат повеќе напади, поради парламентарните избори кои ќе се одржат на 7 март.
XS
SM
MD
LG