Достапни линкови

logo-print

Судири на грчката полиција и на демонстрантите во Амфиса


Грчката полиција денеска се судри со демонстрантите пред судот во градот Амфиса, каде треба да започне процесот против двајца полицајци кои се обвинети за убиството на 25 годишниот Алексис Григоропулос. Полицијата морала да употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Судењето е одложено за во петок, оти клучниот сведок на одбраната неможел да присуствува. Смртта на момчето предизвика протести во Атина во декември 2008 година и на годишнината од неговата смрт. Доколку бидат осудени полицајците може да добијат доживотна казна затвор.
XS
SM
MD
LG