Достапни линкови

Ердоган-односите со Ерменија може повторно да се нарушат


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека одлуката на ерменскиот суд да ги оцени убиствата за време на Првата Светска војна од страна на отоманските Турци како геноцид може да ги нарушат напорите да се стави крај на вековното непријателство меѓу двете земји. Ердоган смета дека одлуката не е коректна и ќе го наруши процесот на помирување, откако ерменскиот суд на 12 јануари го одобри октомврискиот договор за подобрување на односите и повторно отварање на границата меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG