Достапни линкови

Азербејџан го одбележува "Црниот Јануари"


Азербејџан ја одбележува 20 годишнината од така-наречениот Црн Јануари, кога Советските сили насилно го задушија движењето за независност. Имено, на 20-ти јануари 1990-та година Советски трупи упаднаа во Баку во обид да го спасат комунистичкото раководство и да ја сузбијат опозицијата. Во акцијата беа убиени над 130 луѓе, а околу 700 беа повредени. Во октомври, наредната година Азербејџан прогласи независност.
XS
SM
MD
LG