Достапни линкови

Ал Каеда сака да предизвика војна меѓу Индија и Пакистан


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави денеска дека терористичката мрежа Ал Каеда е сериозна закана за целиот јужно-азијски регион и ќе се обиде да испровоцира војна меѓу Индија и Пакистан. Гејтс, кој е во посета на Њу Делхи, и оддаде признание на Индија за воздржаноста по нападот на милитанти од Пакистан врз Мумбаи во 2008-ма година, но оцени дека трпението не би било бесконечно доколку таков напад се повтори.
XS
SM
MD
LG