Достапни линкови

logo-print

Стотина деца од Хаити усвоени од холандски семејства


Во главниот град на Хаити, Порт о Пренс, денеска се очекува да пристигне авион што треба да пренесе во Холандија 109 деца од овој остров, кои се усвоени од холандски семејства. Речиси сите деца им биле доделени на семејствата уште пред катастрофалниот земјотрес од пред осум дена, јавуваат агенциите. По најавата на неколку западни земји дека ќе ги забрзаат постапките за усвојување деца од Хаити, агенцијата на ОН за деца УНИЦЕФ се изјасни против секакво брзање кое би можело да биде крајно штетно во хаосот по земјотресот. Оттаму деновиве беше предупредено на можноста за киднапирање на деца под маската на усвојувањето. Според податоците на УНИЦЕФ, Хаити и пред потресот важеше за една од најсиромашните земји во светот и во многуте сиропиталишта и прифатилишта имало околу 380 илјади деца.
XS
SM
MD
LG