Достапни линкови

logo-print

Иран го отфрлил предлогот за извоз на осиромашен ураниум


Иран го отфрлил предлогот на големите светски сили да извезе поголем дел од осиромашениот ураниум од кој би можел да направи нуклеарни боеви глави, изјавија неименувани дипломати за Асошиетед прес. Во одговорот што неодамна и бил доставен на Меѓународната агенција за атомска енергија, Иран понудил да изврши размена на ураниумот на сопствена територија и истовремено да добие гориво за својот истражувачки реактор. Предлогот на големите сили предвидуваше Техеран да извезе 70 насто од ураниумот, кој по една година би бил вратен назад како гориво за неговите реактори, со што би можел да се употреби само за производство на електрична енергија, но не и за нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG