Достапни линкови

Првите луѓе на американската безбедност на сослушување во Конгресот


Комитетот на американскиот Сенат за внатрешна безбедност ќе ги сослуша директорот на Националната разузнавачка служба Денис Блер, директорот на Националниот центар за борба против тероризмот Мајкл Лајтер и американската секретарка за внатрешна безбедност Џенет Наполитано, во врска со обидот за бомбашки напад во американскиот авион на линијата Амстердам-Детроит, што се случи пред речиси еден месец. Истовремено, Комитетот на американскиот Конгрес за оружени сили ќе одржи сослушување за заканите на Ал Каеда на Арабискиот полуостров и во други области.
XS
SM
MD
LG