Достапни линкови

Републиканците победија во изборите за еден сенатор


Демократската партија на американскиот претседател Барак Обама доживеа пораз на изборите за претставник во Сенатот од државата Масачусетс. Републиканецот Скот Браун освоил 52 насто од гласовите на вчерашните избори и ќе го заземе местото на демократот Едвард Кенеди, кој почина минатата година. Со тоа Републиканската партија ќе има 41 место во 100- члениот Сенат. Вонредните избори се совпаѓаат со годишнината од преземањето на претседателската функција од страна на Обама.
XS
SM
MD
LG