Достапни линкови

logo-print

Корупција во фирми доставувачи за оружените сили на САД


Американското министерство за правда соопшти дека 22 лица вработени во фирмите доставувачи за војската и полицијата се обвинети за корупција. Тие се осомничени дека се согласиле да платат провизија од 20 проценти на човек кој се претставувал дека е од министерството за одбрана на некоја африканска земја, а всушност бил агент на ФБИ. Според обвинението, фирмите од осум американски сојузни држави, како и од Велика Британија и од Израел, се обиделе на тој начин да дојдат до договор вреден повеќе милиони долари за опремување на претседателската гарда.
XS
SM
MD
LG