Достапни линкови

logo-print

Грција ги достави контрааргументите за тужбата на Македонија


Грција ден перд истекот на рокот ги достави пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, своите контрааргументи за тужбата што против неа ја поднесе Македонија, поради кршење на Привремената Билатерална спогодба од 1995 година со блокирањето на македонската покана за членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт. Меморандумот го доставија застапникот на Грција, амбасадорот Јоргос Савидис и правниот советник во грчкото министерство за надворешни работи Марија Телалијан. Во него се содржани правни, политички и историски аргументи, кои ги негираат македонските тврдења.
XS
SM
MD
LG