Достапни линкови

Судири на христијаните и на муслиманите во Нигерија


Во судири на христијаните и на муслиманите во градот Јос во Нигерија животот го загубија најмалку 192 лица. Баларабе Даџуд од централната џамија во градот соопшти дека 156 тела биле изутринава донесени во џамијата, а 36 попладнево. Насилството во Јос еруптираше поради реконструкцијата на домовите уништени во минатогодишните религиозни борби. Градот се наоѓа на границата меѓу муслиманското население на север и христијанското на југ.

XS
SM
MD
LG