Достапни линкови

logo-print

Медведев ќе испрати амбасадор во Украина


Рускиот претседател Димитри Медведев соопшти денеска дека ќе испрати амбасадор во Украина, по пет месечните замрзнати дипломатски односи меѓу двете земји. Амбасадорот Михаил Зурбаров како што изјави Медведев ќе биде негов специјален претставник за развој на трговијата и економските врски со Украина. Медведев кој го назначи Зубаров на функцијата во 2009 година, реши дека нема да прати амбасадор во Киев, поради анти-руската политика на украинскиот претседател Виктор Јушченко.

XS
SM
MD
LG