Достапни линкови

Бузек-гласањето за новиот состав на ЕК на 9 февруари


Новиот бугарски кандидат за еврокомесар ќе биде ислушан на 3 февруари, а гласањето за новиот состав на Европската комисија ќе се одржи на 9 февруари, соопшти денеска претседателот на Европскиот парламент, Јиржи Бузек. Гласањето требаше да се одржи на 29 јануари, но тоа се одложи по повлекувањето на кандидатурата на бугарката Румјана Желева. Бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека за нов кандидат ќе ја предложи Кристалина Георгиева, која е заменик претседател на Светската Банка.

XS
SM
MD
LG