Достапни линкови

3 мртви во американски ракетни напади во Пакистан


Најмалку 3 луѓе го загубиле животот во два американски ракетни напади во Авганистан, соопштија денеска западните новински агенции. Тие цитираа пакистански официјални лица кои им соопштиле дека нападите се случиле во близина на покраината Вазиристан, која се наоѓа на границата со Авганистан и за која се верува дека е засолниште на припадниците на Ал Каеда. Тоа е 11 напад на регионот месецов. Сеуште не се знае идентитетот на загинатите.
XS
SM
MD
LG